Бен Арфа избра нов клуб – ќе му прави друштво на Балотели!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хатем Бен Арфа направи голема грешка пред две години кога реши да се пресели во ПСЖ бидејќи таму не ја доби минутажата која ја посакуваше, а претходната сезона седеше постојано на трибините.

Сепак, сега реши да ја поправи грешката и си најде нов клуб. И покрај интересот на Бенфика и Рен, Французинот реши да се врати во Ница, каде што ќе потпише како слободен играч.

Потврдата за неговото пристигнување во Ница се очекува во наредните неколку дена и сигурно ќе биде големо засилување за клубот.