„Бен Арфа мора напорно да тренира за прво место во тимот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Пари Сен Жермен Унаи Емери укажа дека Хатем Бен Арфа мора уште дополнително да тренира со цел да избори место во стартниот тим на францускиот шампион.

Бен Арфа во ПСЖ стигна во ова лето како слободен играч, после што во минатата сезона во Ница во 37 натпревари постигна 18 голови.

Дваесет и осум годишниот фудбалер во оваа сезона постигна еден гол во три одиграни натпревари, но Емери не е задоволен од неговата игра.

„Тој мора да работи на себе така да за константно да може да игра на врвно ниво. Тоа е долг процес. Бара доста напорна работа и вистински менталитет“.

Хатем Бен Арфа во досегашниот дел од кариерата настапуваше за Лион, Марсеј, Њукаслм Хал и Њукасл.