Бен Арфа својата среќа ја бара во Италија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хатем Бен Арфа не доби вистинска шанса во ПСЖ и затоа сака да оди.

Бен Арфа наводно веќе порача на управата на ПСЖ дека сака да замине, а клубот не треба да му прави поголеми проблеми.

Поранешниот играч на Ница тврди дека нема преголема намера да го напушти Париз, но на сите е јасно дека за него нема место во составот на францускиот шампион, кој неодамна трагично испадна од ЛШ после поразот од Барселона од 6:1 на Ноу Камп.

Влијателниот Ле Парисиен јавува дека клубот е спремен да го пушти играчот за 20 милиони евра надокнада, а 30-годишниот крилен играч може да заигра во Серија А.

Наводно Рома и Милан се најзаинтересирани за Бен Арфа, иако се споменуваат Саутемптон и Севиља.

Бен Арфа во првенството вкупно одигра 22 меча (624 минути), и запиша две асистенции, а два гола постигна во Куповите.