Бербатов со интересен коментар: Меси е гениј, но Манчестер Јунајтед може да ја мине Барселона


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер  Јунајтед, Димитар Бербатов истакна дека „Црвените ѓаволи“  би можеле да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите елиминирајќи ја Барселона во четвртфиналната фаза.

„Не можеме да го отпишеме Манчестер Јунајтед! Не ни треба да го споменувам натпреварот со ПСЖ, така? Се е возможно.

Го видов Лионел Меси и неговиот хет трик против Бетис. Тој човек прави што сака и е вистински генијалец, но не игра така на секој натпревар. Барселона не го освои секој трофеј во Лигата на шампионите во последната декада со Меси во тимот.

Манчестер Јунајтед мора да игра како тим и да се поддржува меѓусебно. Тоа е систем кој му дозволува на Рашфорд, Погба и Лукаку да блеснат“-заклучи Димитар Бербатов.