Берлускони во Монца го носи својот миленик


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Силвио Берлускони пред два дена и официјално стана сопственик на клубот кој се натпреварува во третата по ранг лига во Италија, Монца.

Поранешниот премиер на Италија и сопственик на Милан и официјално ја презеде Монца, тим со кој има големи амбиции во иднина.

Прва аквизиција му беше поранешниот извршен директор на Милан, Адриано Галијани, а сега како второ ново име во таборот сака да го донесе легендарниот Рикардо Кака.

Токму Галијани и Берлускони го донесоа Кака на „Сан Сиро“ и го вивнаа во светот на фудбалот. 36 годишниот Кака пред речиси една година стави крај на играчката кариера, но се шпекулира дека би можел да ја прифати понудата на Берлускони.