Берлускони и Галијани ќе прават нов „Милан“ во Италија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот политичар и бизнисмен Силвио Берлускони не е премногу активен во светот на фудбалот, откако го продаде Милан.

Се посвети на политиката, но очигледно сака нови предизвици во фудбалот, па како што пренесува новинарот на „Скај спорт“, Пепе Ди Стефано, моќниот Италијанец сакал да ја купи Монца.

Членот на Серија Ц е блиску до Милано, а дополнителен мотив е тоа што би го преземал клубот со својот поранешен соработник Адријано Галијани, кој е роден токму во Монца.