Беше меѓу клучните играчи на Реал Мадрид во освојувањето на трите титули во Лигата на шампионите, сега сака да замине без обесштетување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кејлор Навас пружеше феноменални партии додека Зинедин Зидан беше на клупата на „Кралскиот клуб“.

Францускиот стратег цврсто одбиваше да ги донесе Де Хеа или Куртоа и му даде заслужена доверба на Навас, но по неговото заминување беше исполнета желбата на Перез и на „Бернабе“ пристигна Тибо Куртоа.

Очекувано, Белгиецот го презеде стартното место, па Навас се почесто е на клупата за резервни фудбалери.

Таквото сценарио не му се допаѓа на репрезетнативниот чувар на Коста Рика, па веќе имал разговори со челниците на Реал Мадрид и им посочил дека е подготвен да го раскине договорот со тимот.

Сепак, малку е веројатно дека Реал ќе се согласи на такво нешто, но доколку пристигне примамлива понуда ќе го пуштат да си замине од тимот.