Беше одличен на Светското првенство, а сега го прави трансферот на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу имиња блеснаа на Мундијалот во Русија, а еден од оние кои имаа впечатлив настап е и Хирвинг Лозано од Мексико.

Играчот на ПСВ играше голема улога во пласманот на Мексико во осминафиналето, а неговите настапи не останаа незабележани од големите клубови.

Во изминатиот период се шпекулираше дека Барселона се интересира за него, а сега од Англија ни доаѓа вест дека Арсенал сака да го ангажира 22 годишниот фудбалер.

Одличниот фудбалер има уште пет години од договорот со ПСВ кој го потпиша минатата сезона, но сигурно од Арсенал се подготвени да ја платат побаруваната цена од Холанѓаните.