Билбао загриза за Андер Ерера, Манчестер Јунајтед се „брани“ со тоа што му нуди нов договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку медиуми во Шпанија утрово пренесоа дека спортскиот директор на Атлетик Билбао, Рафаел Алкорта потврдил дека клубот е заинтересиран во своите редови да го врати фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.

29 годишниот фудбалер пристигна во Манчестер Јунајтед во 2014 година за сума од 28 милиони фунти и беше еден од најдобрите играчи на клубот во турбулентниот период.

Под водство на Мурињо не играше многу, но по доаѓањето на Солскјер, на натпреварите се покажа како клучна алка заедно со Пол Погба во средината на теренот.

Токму затоа, од Манчестер Јунајтед немаат намера да го продадат шпанскиот интернационалец, а „Скај Спортс“ јавува дека од клубот веќе се во преговори со играчот за нов, долгогодишен договор.

Медиумот пренесува дека двете страни се надеваат дека во скоро време преговорите ќе вродат со плод, и Ерера ќе потпише нов договор со „Ѓаволите“.