Битката за „Златната топка“: Роналдо му гледа во грбот на својот најголем ривал…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во петте лиги останаа уште некои десеттина кола до завршувањето на респектибилните национални шампионати, така што можеме да направиме осврт на фаворитите за најдобри стрелци на Стариот континент.

Лео Меси по фантастичната партија и новиот јубилеен 50. хет-трик забележан против Севиља, зад него се Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо како најблиски следбеници.

Младиот напаѓач на ПСЖ во текот на викендот беше двоен стрелец во победата од 3:0, така што досега забележа 22 погодоци или 44 поени во трката за најдобар стрелец во Европа.

Од друга страна, Роналдо немаше успешен викенд, во минималната победа над Болоња не успеа да забележи нов погодок така што останува на контото од 19 погодоци или 38 бодови.

Натаму следува полскиот „Пистолеро“ со 18 погодоци во Серија А, кои ги постигна за Џенова/Милан и потоа само една поголема група од играчи кои постигнале по 17 погодоци во своите лиги меѓу кои се Кавани, Агуеро, Квалјарела и Салах.

Засега омилен е магионичарот од Розарио во добрата предност, па останува да се види дали неговиот добро познат ривал може да го загрози потенцијалното индивидуално признание на Аргентинецот.