„Би сакал да го тренирам Наполи!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудаблер Марадона изјави дека би сакал да стане тренер на Наполи.

Марадона во минатото со успех настапуваше за тимот на Наполи и секогаш е добродојден гостин во Наполи.

„Дали би го тренирал Наполи? Секако, ако народот ме сака.“

Статусот на легенда на клубот Марадона ја доби со 2 титули во Серија А, купот на Италија, купот на УЕФА и Суперкупот на Италија.

„Прво морам да ги решам проблемите кои ги имам во Италија. Тогаш би можел да работам во Наполи. Би било важно да направиме се како што треба и да се натпреваруваме со Рома, Јувентус и другите.“

Да потсетиме, проблем за Марадона во Италија е спорот со италијанската влада кој се однесува за долг од 39 милиони евра данок.