„Би сакал да имам кариера како Роналдо, но тоа не е најважно во животот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот италијански напаѓач Марко Бориело ја изненади фудбалската јавност со одлуката да ја продолжи кариерата во шпанскиот третолигаш Ибица.

Меѓутоа, Бориело реши да зборува за кариерата. Искусниот играч призна дека почнал да размислува за животот, откако на почетокот на годинава почина неговиот поранешен соиграч Давиде Астори.

„Смртта на Астори е нешто што го погоди секој играч во Италија. На неговиот погреб слушнав еден говор во кој некој кажа дека можеш да заработиш богатство и да бидеш најуспешниот во свет, но потоа да дојде момент кога повеќе те нема. Од тој момент размислував добро и сфатив дека сакам да уживам во животот и некои работи да ги сфатам малку посериозно. На пример, би сакал кариера како Кристијано Роналдо, но секако и вака сум среќен и горд“, кажа Бориело.