Богатството си го зема замавот: Дефанзивецот го одби Реал и заминува во Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци во светот во последните неколку години, Пепе би можел да премине во кинески клуб на крајот на сезоната.

Медиумите пишуваат дека Пепе е заинтересиран да премине во Кина и да заигра во лига која е во голем раст и развој.

На него на крајот на сезоната му завршува договорот, наводно не сака да го продолжи токму поради понудата од Кина.

За него заинтересиран е тимот на Хебеи кој го тренира Мануел Пелегрини, а понудата ќе му изнесува 10 милиони евра по сезона.

Тој моментално зема 4.5 милиони во Реал Мадрид.

Можеби сеуште не е доцна да се предомисли, но за некој ден ќе има право да прифати понуда од друг клуб и на лето би можел да го напушти Реал Мадрид во кој е од 2007 година.

Во кариерата има уште играно за Порто и Маритимо, а за Португалија има одиграно 78 натпревари и постигнато 4 голови.