„Борбата за титула повторно е интересна!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Конте застана пред новинарите откако неговиот тим изненадувачки беше поразен од Кристал Палас.

Челси беше поразен од Кристал Палас со 2:1, а по натпреварот Конте изјави дека киксот на неговиот тим најмногу ги радува медиумите.

„За медиумите тоа е одличен резултат, затоа што трката за титулата е повторно интересна. Лигата е готова кога математичките ќе се потврди тоа. Во вториот случај мора да се борите и да одите на победа во секој натпревар.“

„Во Англија не постојат лесни натпревари. Секој натпревар ќе биде тежок, од сега, па до крајот, а не е важно дали играме против Сити или тимови кои се борат за опстанок.“

За Конте ова беше втор пораз на Челси на домашен терен.