Ботас мораше да забави, Хамилтон со победа му избега на Фетел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска во Сочи беше одржана трката за Големата награда на Русија, а на неа победи возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Хамилтон стигна до триумф на патеката во Русија, но возач на денот беше Макс Ферстапен, кој од 19. место успеа да стигне до шестата позиција.

Втор на трката заврши возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој секако требаше да биде пред Хамилтон, но пред крајот на трката му беше наредено да му ја препушти првата позиција на Луис.

Третото место го освои Себастијан Фетел од Ферари, а во првите десет завршија уште Кими Раиконен, Ферстапен, Даниел Рикардо, Леклер, Магнусен, Окон и Перез.

Хамилтон во моментов е на врвот со 306 поени, Фетел има 256, Ботас 189, Раиконен 186, Ферстапен 158…