Бразилецот како во хорор филм: Соблекувалната на Каталонците го БОЈКОТИРА Кутињо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера како гости славеа против Џирона со 2:0 на крилата на уште една фантастична партија на Лео Меси.

Меси повторно успеа да постигне погодок и го зацврсти своето место на врвот на листата на стрелците во Ла Лига. Исто така, Аргентинецот можеше да го заврши натпреварот барем со една асистенција, но Филипе Кутињо тоа го уништи за него. Бразилецот повторно играше од првата минута и уште еднаш разочара со своето издание.

Јасно е дека Кутињо е непрепознатлив на теренот во изминатите неколку недели, и дека по „Ел Класико“ и погодокот против Реал Мадрид едноставно не личи на себе. Ернесто Валверде е приморан да го стави од првата минута бидејќи Осман Дембеле е повреден, но Бразилецот тоа никако да го искористи.

Кутињо имаше два зицери вчера против Џирона, но не успеа да постигне погодок. Потоа доби големи критики од навивачите на Барселона поради својата игра, а не го поштедија ниту новинарите. Но, утринава во шпанските медиуми се огласи информацијата дека на Кутињо не му е лесно, и дека соиграчите го игнорираат.

Како што се наведува, Кутињо е значително помалку застапен во играта на Барселона во претходните дуели бидејќи играчите не сакаат да му ја дадат топката. Речиси секогаш кога ја има топката, Кутињо прави грешка, а очигледно Меси и друштвото тоа повеќе не сакаат да го трпат.

Мадридски АС утринава објави дека Кутињо добил доста помалку топки против Џирона отколку што е тоа случај инаку. Но, за негова жал и кога ја имаше топката во посед, обично не направи ништо значајно.