Бразилскиот тим се врати – Чапекоенсе и Палмеирас одиграа нерешено


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските тимови Чапекоенсе и Палмеирас одиграа нерешно, поточно 2:2 во пријателскиот натпревар.

Чапекоенсе го одигра првиот натпревар по авионската несреќа на крајот на ноември минатата година, кога се сруши авионот во кој беа играчите и стручниот штаб на клубот.

Тогаш преживеаа само 3 фудбалери на Чапес и цел свет тагуваше за нив, но клубот продолжи да постои.

Стигнаа нови играчи, а тие денес се пресметаа со Палмеирас. Средбата заврши 2:2, а во 71-та минута беше дадена чест за жртвите.

Стрелци на головите за Чапекоенсе беа Гроли во 14 и Амарал во 47-та минута додека Веига и Карваљо погодија за Палмеирас.