Бразил стигна до победа, Нејмар и Фирмињо го решија Мексико! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска беше одигран натпреварот помеѓу Мексико и Бразил на Светското првенство во Русија, а Бразил стигна до заслужена победа од 2-0.

Бразилците беа многу подобар тим во првите 45 минути од средбата, но и покрај 11 удари кон голот на Мексико, мрежите останаа да мируваат.

Сепак, по шест минути игра во вториот дел, Нејмар стрелаше за водство од 1-0, а дури во 88. минута Роберто Фирмињо погоди за 2-0 и пласман понатаму за Бразилците.