Брајант: Меси или Роналдо? Зависи…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Коби Брајант, еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, призна дека навива за Милан и Барселона.

Од другата страна, легендата на Лос Анџелес Лејкерс вели дека тој не може да одлучи кој е подобар – Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

„Тешко е да се одлучи кој е подобар од нив двајца. Се зависи од типот на фудбалот кој се игра. За тика-така секогаш би го избрал Меси, но ако сакате повеќе агресивна игра, тука е Роналдо“, изјави Брајант.