Бројките не лажат, Азар не постигнува гол кога игра Мората!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатен податок пристигнува од Лондон, а тоа е дека Еден Азар постигнува голови само кога Алваро Мората не е на теренот, односно сите седум голови ги постигна кога играше Оливие Жиру.

Очигледно Мората не му одговара, а тоа го загрижува Маурицио Сари, кој нема решение за нападот, а не верува дека Оливие Жиру е добар како стартер.

Сега се споменува повторно Гонзало Игуаин како решение, но ако Милан не го откупи неговиот договор, па Сари ќе мора да бара друго решение.

Да се вратиме на Азар. Тој сезоната ја почна невообичаено добро, па падна со формата во најлошо време за клубот. Дали е проблемот само во Мората, ќе видиме во наредните натпревари, па се шпекулира дека Жиру ќе добие шанса да го предводи нападот и против ПАОК во Лига Европа, но и против Фулам во Премиерлигата.