БСК и Того одиграа без погодоци, Конго минимално против Мароко (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на програмата беа два натпревари од првото коло од групната фаза на Афричкиот куп на нации.

Брегот на Слоновата Коска и Того одиграа нерешено, 0:0.

Две огромни шанси пропуштија репрезентативците на Того, по една во двете полувремиња.

Досеви во првото полувреме шутираше, но голманот фантастично одбрани. Десет минути пред крајот на натпреварот Досеви од блиску шутираше високо над голот. На крајот двете репрезентации ги поделија бодовите, 0:0.

Репрезентацијата на ДР Конго минимално славеше против Мароко, 1:0.

Омар Ел Кадури на почетокот на натпреварот ја погоди пречката. Во второто полувреме Херв Каге му донесе водство на Конго. Мутамбала девет минути пред крајот на натпреварот доби втор жолт картон и го остави Конго со 10 фудбалери на теренот.

Ел Араби со глава можеше да израмни, но голманот на Конго фантастично одбрани и му донесе победа Конго.