Буфон: Во еден момент одбив да се дрогирам, се што сум пробал е џоинт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман, Џиџи Буфон откри досега помалку познати детали од својот живот.

Тој во интервју за „Вонити Фер“ зборуваше за своите почетоци и предизвиците со кои се соочувал додека бил млад, а откри и колку уште планира да остане помеѓу стативите.

„Како дете, имав чувство дека сум неуништив. Работев што сакав. Направив поприлично голем број глупости, но и одбивав дрога или да се допингувам. Кога имав 17 години, не прифатив некој да ми стави аоче на усните“, истакна голманот на ПСЖ.

Откри и што направил во една прилика, кога бил во друштво на навивачите.

„Најдалеку што сум отишол е еднаш кога повлеков неколку дима од марихуана. Се сеќавам на облакот од димот кој ги обвиваше навивачите, но тоа не беше дим од огномет и пиротехнички средства, туку од 200 џоинти запалени истовремено“, вели Буфон.

Искусниот голман кој на 28. јануари ќе наполни 41 година, вели дека има план да брани уште една година.

„Идејата ми е со согласност на клубот, да одиграм уште една серзона. Можеби тоа е чудно бидејќи имам 40 години, но некако мислам дека имам повеќе сништа и амбиции отколку кога имав 20 години. Се надевам дека за 10 години се уште ќе бидам на нозе“.

Некогашниот голман на Јувентус зборуваше и за периодот кога се борел со депресија.

„Се чини дека тогаш никој не се грижеше за мене, само за фудбалерот кого го репрезентирав. Сите зборуваа само за Буфон, но не и за Џиџи. Најлошо беше што кога имав 25 години, кога му кажав на тренерот, голманот Ивано Бордон дека не можам на бранам. Заминав и му кажав „Ивано, пушти го Кјаменти да се загрева и нека брани, не сум во состојба да бранам“. Почувствував паничен напад и не бев во состојба да ја исполнам својата обврска. Да не сум минал низ такво искуство, низ тој темен облак кој се наоѓа над многу луѓе, никогаш не би се извлекол од се“, призна доскорешниот чувар на мрежата на Италија.