Буфон откри зошто ги крател ракавите на дресовите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Џанлуиџи Буфон зборуваше за изборот на дресови од времето кога беше член во Парма, Јувентус, па и денес во ПСЖ.

Буфон во разговори со новинарите одговори на едно интересно прашање: Дали децата стануваат голмани за да се облекуваат поинаку од другите деца?

„Тоа е дел од вистината. Сакам да бидам поинаков од другите. Сакав да имам поинаков дрес“, кажа Буфон.

Буфон е меѓу првите голмани кои почнаа да бранат во дресови со кратки ракави.

„Мислам дека сум прв голман кој ги сечеше ракавите. Сакав да носам ист дрес како играчите“, обајсни Италијанецот.

Буфон конечно откри зошто ги крател ракавите на сите дресови.

„Ракавите не ги кратев за да ги покажам мускулите, туку зашто се чувствував поудобно“, кажа Буфон.