„Буфон ја заслужи Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Италија и Интер, Матераци даде изјава пред големото финале во Кардиф.

Матераци вели дека Јувентус е фаворит за него, а ја искористи шансата да го пофали Буфон.

„Мислам дека Јувентус има поголеми шанси за титулата, затоа што играат како тим. Сепак, тие не смеат да мислат дека ќе изгубат. Мислам дека промената на формацијата беше важна за нив. Буфон е одличен и е на врвот уште од 2006-та година кога бевме светски шампиони. Тогаш не можевте да постигнете гол против него ниту на тренинг. Тој ја заслужува Златната топка.“

Да потсетиме, финалето се игра на 3-ти јуни во Кардиф.