„Важно е да победуваме, а не да слушаме што зборува Фил Џексон“

Кошаркарот на Њујорк, Кармело Ентони не сакаше да ги коментира критиките на претседателот на клубот, Фил Џексон.

Легендарниот тренер смета дека Кармело ја задржува премногу топката во свој посед и ја прави играта побавна.

„Кармело има навика да ја задржи топката во свои раце три, четири, пет секунди, а потоа сите сопираат. Тоа е една од работите на кои треба да поработи.“

Екипата на Њуорк прв пат од доаѓањето на Кармело има постигнување подобро од 50%, а минатата ноќ против Кливленд беше прекината низата од 4 победи по ред.

„Јас воопшто не знам што рекол и не сакам да зборувам за неговите зборови. Фокусиран сум на моите соиграчи и победите. Играме одлично и тоа ми е само важно.“