Вака ќе изгледа новиот стадион на Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем синоќа по последен пат на Вајт Харт Лејн ја угостија екипата на градскиот ривал Челси.

Петлите од Лондон на големо ја започнаа изградбата на новиот стадион кој ќе чини околу 400 милиони фунти, а на кој Тотенхем ќе заигра од сезоната 2018/19.

Токму поради изградната на новиот стадион редуциран е капацитетот на Вајт Харт Лејн и фудбалерите кој ги води Маурисио Покетино од наредната сезона ќе играат на Вембли.

Треба да се каже дека овој стадион ќе биде прилагоден и за натпревари од НФЛ, а на видеото може да се види дека стадионот ќе биде домаќин и на концерти.