Вака ќе изгледа сосема подруг Милан, Милан на кинески погон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од највлијателните италијански медиуми, кој е традиционално добро упатен во ситуацијата внатре во Милан, „Спортмедиасет“ наведува дека веќе е познато кои фудбалери кинеските сопственици кои по превземањето на Милан ќе ги доведат.

Хан Ли, човек кој доаѓа како нов сопственик во Милан и ќе го замени Силвио Берлускони, сака во Милан да доведе пет големи ѕвезди веќе во јануари, а тоа нема да биде проблем бидејќи веќе се уплатени две транши во клубот од по 85 милиони евра, па дел од тие пари ќе бидат уплатени за трансфери во јануари.

Со оглед на фактот дека Кинезите стануваат сопственици на Милан официјално од 1 ноевмври, ќе бидат оперативни за време на јануарскиот преоден рок, па сега ќе бидат реализирани сите трансфери кои Галијани и Берлускони ги договориле, но поради недостанок на пари не беа реализирани.

Прв на листата е одличниот стопер на Виљареал Матео Мусачио и тој е речиси сигурно нов фудбалер на Росонерите, поради тоа што веќе во јули е договорено се, само се чекаше зелено светло од Кинезите, но тие не дојдоа до крајот на преодниот рок, па Аргентинецот и понатака игра на Ел Мадригал.

Друг е уште еден дефанзивец, со тоа што може да игра и на позиција последен играч за врска, позиција која е најдефицитарна меѓу Росонерите. Се рабори за бразилскиот суперталентиран Родриго Кајо кој игра за Сао Паоло и неговиот трансфер не би требало да биде проблем.

Најголем проблем треба да создава Сеск Фабрегас, фудбалер кој силно го сака Милан, но е  недефинирано за колку пари Челси ќе го пушти. Англиските медиуми наведуваат дека Сините не сакаат да го продадат испод 30 милиони, бидејќи таа сума е приближно таа која ја платија на Барселона кога го откупија. Но, парите за Хан Ли не би требало да бидат проблем, па и овој трансфер е реално да се очекува.

И на крајот доаѓаме до двоецот на Фиорентина Федерико Бернандески – Милан Бадељ. Двајцата фудбалери кои се поврзани за својот поранешен тренер Винченцо Монтела кој сега го води Милан и би било чудно да одбијат премин во редовите на светски гигант како што е Милан.

Бадељ, нешто слично како Мусачио, имаше веќе одреден договор со управата на Милан, но и тој на крајот остана само желба во преодниот рок, додека за Бернандески ќе мораат да го „отворат џебот“ бидејќи Фиорентина бара преку 25 милиони евра за овој млад офанзивец.