„Вакво чудо од играч сеуште немам видено“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус како гостин вчера победи против Монако со 2:0 во ½-финалниот натпревар во ЛШ.

Јувентус така дојде на чекор до пласман во финалето, каде што најверојатно ќе ги чека натпревар против Реал Мадрид.

Успеа тимот на Алегри да го сопре Монако, Мбапе и Фалкао не можеа да направат ништо.

„Посебно се посветивме на Мбапе. Можам да кажам дека е неверојатен фудбалер. Неколку такви фудбалери имам видено во кариерата, но вака млад со таква техника, сила, движења со топка, немам видено никогаш.“

„Верувам дека Мбапе ќе стане наредната голема работа во светскиот фудбал.“

Монако ќе има тешка задача во реванш натпреварот против Јувентус во Торино.