Валверде без текст: Меси е фантастичен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на најдобар можен начин го отвори новото издание на Лигата на шампионите. Каталонците на Камп Ноу славеа против ПСВ со високи 4:0, а посебно блескаше Меси кој три пати ја затресе мрежата на тимот од Ајндховен.

Одличната претстава на Барселона и фантастичниот настап на омилениот аргентински фудбалер го израдуваа тренерот Ернесто Валверде кој после натпреварот не го криеше своето задоволство.

,,Меси едноставно е неверојатен и работите кои тој ги прави изгледаат како рутина. Играчите настојуваа да ги поправат грешките од средбата со Реал Сосиедад и затоа сум среќен”, кажа Валверде, а на неговата изјава се надоврза и голманот Тер Стеген.

,,Мислам дека не постои играч на светот кој игра фудбал како Меси”- рече Стеген.

Освен Меси во листата на стрелци се запиша и Дембеле.