Валенсија постави 3 стандардни играчи на трансфер листата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Валенсија не цветаат рози оваа сезона, лошо играат и имаат само 12 бодови од 15 натпревари.

Во Валенсија мора нешто да се менува, бидејќи повеќе не оди вака.

Прандели и Лим имаа состанок во Сингапур за да се договорат околу составот во кој ќе биде Валенсија во текот на вториот дел од сезоната, а првиот договор е 3 фудбалери да се стават на трансфер листата.

Тоа се Дани Парехо, Енко Перез и Жоао Кансело.

Валенсија е подготвена да ги слушне сите понуди за овие 3 фудбалери кои оваа сезона играа на далеку пониско ниво од тоа што се очекуваше.

Засега, наводно Барселона е заинтересирана за Жоао Кансело, а ќе видиме дали ќе има конкретни понуди.