Ванда Нара се предомисли: Икарди потпишува нов договор со Интер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди ја загуби капитенската лента во Интер, по што се налути, па одби да настапи на неколку натпревари.

Меѓутоа, по нејновите изјави на неговиот менаџер и жена, Ванда Нара може да се претпостави дека наскоро двете страни ќе постигнат некаков договор.

„Семејно го гледавме мечот дома, не сакавме да се впуштаме во било какви контроверзи. Не сакам да зборувам ништо што би можело погрешно да се разбере, но би сакала Мауро да остане во Интер. Ова беше позитивна недела, јас навивам за клубот и се надевам дека ситуацијата наскоро ќе биде решена. Мауро сака да ја продолжи тука кариерата“, вели Ванда.

Засега не се откриваат повеќе детали од преговорите меѓу двете страни, но драмата наскоро ќе се реши.