Ванда распали по Иван Перишиќ: Крајно безобразно и срамно…. (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ по синоќешниот меч помеѓу Фиорентина и Интер се најде на удар и критики од сопругата на Мауро Икарди.

Ванда Нара гостуваше на една италијанска телевизија, и дури успеа да се расправа со Антонио Касано поради ситуацијата на Икарди во Интер. Икарди синоќа не играше бидејќи е надвор од составот откако му беше одземена капитенската лента, па лажеше дека е повреден.

Интересен детал се случи на мечот во Диренца кога Интер поведе со 2:1, а погодокот го постигна Политано. Тој одлучи да го прослави погодокот имитирајќи го Икарди што очигледно требаше да значи поддршка за аргентинскиот напаѓач.

Меѓутоа, тоа не му се допадна на Иван Перишиќ кој дотрча и му ја расипа прославата. Сето тоа го коментираше и Ванда која жестоко го критикуваше Перишиќ и порача дека неговото однесување е крајно срамно.

„Ваквото однесување на Перишиќ е срамно и неправедно кон Икарди. Политано очигледно сакаше да му пружи поддршка, а потоа Перишиќ дојде и сето тоа го уништи. Икарди се третира како некое чудовиште што е крајно безобразно“, порача Ванда.