Ванда со фантастично изненадување за навивачите на Интер преку Твитер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Интер, Мауро Икарди, постојано го селат во некој друг европски гигант, иако неговата желба е јасна, а тоа е дека сака да остане во Милано.

Икарди веќе неколку сезони е најдобар фудбалер на Интер и очигледно е среќен во клубот, па поради тоа тешко дека ќе си замине од екипата.

Според италијанските медиуми, 25-годишниот напаѓач ќе добие нов договор од Интер до 2023 година, а ќе заработува по седум милиони евра годишно плус бонуси.

„Сега е 00.30 часот и уште ги читам страниците од новиот договор на Икарди“, напиша Ванда на Твитер.