Ван Гал се враќа таму каде што сите го почитуваат?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Јунајтед, Ван Гал наскоро би можел да се врати на тренерската работа.

Според медиумите, Ван Гал е прв фаворит за пополнување на празното селекторско место во Холандија, кое пред неколку денови го напушти Блинд.

Блинд имаше катастрофални резултати, а сега на таа позиција би можел да дојде човек кој го освои 3-то место на СП во 2014-та година.

Освен Ван Гал, кандидати за тренерското место се Рајкард, Де Бур, Ван Бастен и Хаселбенк.

Холандија по 5 кола се наоѓа на 4-то место во група А за квалификациите за СП во Русија.