Ван Дајк е голем човек – по дуелот со Германија го тешеше судијата кој се расплака (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По завршувањето на дуелот помеѓу Германија и Холандија (2-2) беше забележана една необична сцена на теренот.

Главниот судија Овидио Хатеган веднаш по последниот судиски свиреж почна да плаче, а прв му пријде капитенот на Холандија, Вирџил Ван Дајк, кој го утеши.

Во тие моменти никој освен тие двајца не знаеше за што станува збор и зошто 38-годишниот Романец плаче, но Ван Дајк во изјавата откри што се случувало.

„Му пријдов на Хатеган за да го поздравам и да го прашам како е. Ми одговори дека се чувствува лошо, зашто мајка му неодамна починала. Веднаш потоа почна да плаче, а јас го прегрнав и му кажав дека добро го судел мечот. Знам дека не направив многу, но се надевам дека помогнав барем малку“, кажа Ван Дајк.