Варди распали по фудбалерите на Јунајтед и својот тренер: Зошто да се зборува со нив, тие се глупаци… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа вчера на гости против Лестер со 1:0 во мечот од 25. коло во англиската Премиер лига.

Јунајтед веќе десет натпревари во низа се без пораз откако тренерската позиција ја презеде Оле Гунар Солскјер. Одлучувачки момент на мечот беше стартот кога Маркус Рашфорд ја затресе мрежата на „Лисиците“ што на крајот беше и конечен резултат.

По мечот во центарот на вниманието се најде Џејми Варди поради навредувањето на противничките играчи. Кога виде дека неговиот тренер, Клауде Пуле разговара со Пол Погба тоа го налути, а навивачите од уста успеаа да прочитаат што рече.

„Зошто зборуваш со нив? Тоа се глупаци“, прокоментира Варди, а за негова жалост камерите тоа успеаа да го снимат.

Погледнете: