Варди: Со победа да му одадеме чест на газдата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Лестер сити, Џејми Варди кажа дека претходната недела била најтешка во неговата кариера и дека е подготвен да му помогне на тимот да направи добар резултат против Кардиф.

„Лисиците“ гостуваат во Кардиф во 11. коло од Премиерлигата, а тоа ќе биде прв натпревар за нив по трагичниот пад на хеликоптерот во кој почина газдата на клубот Вичај Шриваданапраба.

„Ова беше најтешка недела во мојот живот, но мора да бидеме подготвени сите за дуелот против Кардиф. Сакаме да играме, тоа е нешто  што би го сакал и Вичај. Ќе биде тешко, но сакаме победа поради Вичај“, кажа 31-годишниот Англичанец.

Лестер по 10 кола се наоѓа на 12 место со 13 бодови, додека Кардиф е на 17. позиција.