Вембли катастрофален пред вечерашниот дерби натпревар меѓу Тотенхем и Сити (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вембли вечерва од 21:00 часот ќе биде домаќин на дерби пресметката од десеттото коло во Премиер Лигата помеѓу ТОтенхем и Манчестер Сити.

Сепак, фудбалерите на двете екипи ќе истрчаат на терен каков што не сме навикнати да гледаме во Англија.

Вчера на овој стадион се одигра натпревар од НФЛ Лигата, а американските рагбисти буквално го „изорале“ тревникот. Немаше време за санација, затоа што натпреварот од Премиер Лигата беше закажан само на еден ден по таа средба, па сега Тотенхем и Сити освен на „оран“ стадион ќе мора да се навикнат и на линиите и бројките кои ги означуваат популарните јарди во рагби спортот.