Венгер има решение ако Гибс замине и тоа какво


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу очекуваат Киеран Гибс да си замине од Арсенал бидејќи не добива шанса да игра, а на негово место би можел да стигне швајцарски репрезенативец.

Арсенал наводно има неколку фантастични понуди за Гибс, левиот бек кој не добива многу шанса кај Арсен Венгер.

Се зборува дека би можел да си замине во јануари, Кристал Палас, Свонси и Вест Хем се заинтересирани да го видат кај себе.

Рикардо Родригез, фудбалерот на Волфсбург и репрезентативец на Швајцарија би можел да го замени на таа позиција и во тој случај ќе биде стартер и ќе му го земе местото на Монреал.

Родригез во текот на својата кариера во Волфсбург на 175 натпревари постигна 22 погодоци и запиша 27 асистенции.