Венгер најде две засилувања: Едно е голема желба на Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден е отпишан и скап, другиот е од ривалски клуб. Но Арсенал е сериозен во намерата на Челси да го донесе Дракслер.

Бидејќи Дракслер е отпишан во Вофлсбург, јасно е дека во зима ќе ја смени средината. Тој е желба на Арсенал од минатото, а се споменуваше и Баерн, но Анчелоти ја отфрли можноста тој да дојде во Минхен.

И Јуве има друга идеја, останаа ПСЖ и Арсенал. Германецот сака да се пресели во ПЛ, Венгер наводно е подготвен да плати 35 милиони евра за незадоволниот играч и дополнително да го зголеми бројот на играчи во нападот.

Шокантно делува приказната дека Арсенал преговараат со Лингард од Манчестер Јунајтед. Тој е незадоволен со шансата која ја доби, но и со парите. Арсенал му нуди двојно повеќе плата од таа во Јунајтед.

Јасно е дека Мурињо ќе го сопре овој трансфер, но Јунајтед и Арсенал веќе соработуваа кога Арсенал го купи Велбек. Ако играчот биде упорен, би можеле да видиме шокантен расплет.

И понатаму останува нејасно дали Венгер дополнително ќе го зголеми редот за врска, поточно дали ќе најде уште некој играч за организација на играта.

Во секој случај изгледа дека Арсенал навистина има шанса да се бори за титулата оваа сезона, а колку големи ќе им бидат шансите зависи и од трансферите во јануари.