Вест Хем го понижи Паје, навивачите ја поздравија одлуката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сагата наречена „Димитри Паје“ денеска официјално го доби својот крај. Францускиот фудбалер го напушти Вест Хем и од јануари ќе настапува за Марсеј со кој потпиша договор на четири и пол години.

Од апсолутен идол на навивачите на Паје преку ноќ стана „персона нон грата“ некој кој чеканите повеќе не сакаат да го видат во своите редови под никоја цена.

Сите навивачи кои дадоа пари за дресови отпечатени со името на Паје, клубот ќе им овозможи замена за тие без име по пониска цена.

„Вратете ги своите дресови со името на Паје во било која од клупската продавница и можете во замена да добиете нови со доплата од 25 фунти“, објави по пат на Твитер клупската потпретседателка Карем Брејди.

Обичните дресови на Вест Хем со кратки ракави на почетокот на сезоната чинеа 55 фунти, а сега е намален на 36.66 фунти.