Вејн Руни со чуден одговор на прашањето кој е најдобриот тренер кој го тренирал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вејн Руни истакна дека Луи Ван Гал е најдобриот тренер со кој работел во својата кариера иако долг период играше под легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед на сите времиња имаше само пофални зборови за холандскиот стратег кој неодамна објави крај на кариерата.

„Мислам дека Дејвид Мојс беше изненадувачки избор, но неговиот скор во Евертон во претходните десет години беше одличен. Не ни одеше со Мојс и потоа од Манчестер се одлучија за искуството на Ван Гал. Тој беше најдобриот тренер со кој сум работел во смисла на поставување на тимот дефанзивно и тактички. Секој си ја знаеше својата улога под негово водство“ –истакна Руни.