Видал: Доколку имав проблеми со тренерот, лично ќе ги решев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал се најде во центарот на вниманието поради своите објави на Инстаграм, каде што многумина ги протолкуваа како незадоволство од својот статус во Барселона.

Се започна по натпреварот против Тотенхем во ЛШ, бидејќи не доби прилика да заигра, а на Инстаграм јасно порача дека е лут поради тоа. Сепак, Чилеанецот повторно е во центарот на вниманието, по вчерашната објава на социјалните мрежи, но брзо реагираше и ја избриша контроверзната објава.

Многумина ова го протолкуваа како јасна порака до Валверде дека Видал не сака да седе на клупата и сака да добие шанса да се докаже.

Меѓутоа, Видал после се порача дека ова воошто не се објави на сметка на својот тренер, туку дека тоа се објави од неговиот приватен живот.

„Понекогаш имам приватни проблеми како и сите ние. Верувајте ми да имав проблеми со тренерот, лично ќе ги решев. Вистина е дека бев лут што не играв на минатите натпревари, но продолжувам да се трудам и ја чекам својата шанса“, рече Видал.