ВИДЕО: Китановски со гол првенец за Истра


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Томе Китановски го постигна својот прв погодок во дресот на Инстра.

Неговиот тим беше гостин на Интер во Запрешиќ, а Китановски го отвори резултатот уште во осмата минута кога ја искористи грешката на домашниот тим.

Во составот на Истра настапи и Ристо Митревски кој ги одигра сите 90 минути. Китановски беше заменет во  86. минута од натпреварот.

Милован Петровиќ пак ги одигра сите 90 минути за Осијек во возбудливата победа против Локомотива Загреб.