Вилфрид Заха потпиша 5-годишен договор!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Заха зад себе има најдобра сезона во кариерата.

Во дресот на Кристал Палас поранешниот играч на Јунајтед одигра 35 натпревари и постигна 7 голови и 11 асистенции.

Иако Заха пред летниот преоден рок се поврзуваше со други поголеми клубови, сепак тој потпиша 5-годишен договор со Кристал палас.

„Палас е во моето срце и оваа приказна е завршена.“

Заха стигна во Јунајтед во 2013-та година за 12 милиони евра, но таму не доби шанса и во 2015-та се пресели во Кристал Палас за 3.9 милиони евра.