Вистински Господин: Лука Модриќ и неговата реакција по поразот од Англија на „Вембли“ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Хрватска доживееаја пред два дена пораз на „Вембли“ од Англија со 2:1 и на тој начин испаднаа од дивизијата Б во Лигата на нациите.

Од друга страна, Гордиот Албион со оваа победа се пласираше на завршниот турнир во дивизијата А кој ќе биде оддржан во Португалија и ќе се бори за трофеј, а честитки по мечот им упати и самиот Лука Модриќ.

Најдобриот европски фудбалер по поразот се понесе како вистински господин, па не му беше понижување во тунелот на „Вембли“ да ги пречека англиските репрезентативци и селекторот и да им честита на победата.

Прв во тунелот влезе и доби честитки од Модриќ доби селекторот Герет Саутгејт, а по него и десниот бек Кајл Вокер кој своевремено играше во Тотенхем заедно со Модриќ.

Како сето тоа изгледаше, можете да погледнете во продолжение: