Витсел пристигна меѓу „милионерите“ (Фото)

Аксел Витсел се приклучи на тимот на Борусија Дортмунд на тренинг кампот во Бад Рагац, Австрија.

Од Борусија Дортмунд се согласија да ја платат откупната клаузула на белгискиот репрезентативец, и сега единствено што го дели Витсел од потпис на договорот се неопходните медицински прегледи.

„По светското првенство бев одлучен да се вратам назад во Европа. Навистина сум среќен и горд што наскоро ќе бидам во можност да играм за Борусија Дортмунд. Не требаше да мислам многу, по нашата прва средба, затоа што Борусија е еден од најдобрите тимови“- коментираше Витсел.