Волфсбург доведе замена за Дракслер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Волфсбург напорно работи на самиот старт на преодниот рок, со цел што побрзо да го потвотви тимот за продолжението на сезоната.

Прво на Фолксваген Арена стигна суперталентираниот Холанѓанец Ришедли Базур.

Само неколку дена подоцна, во редовите на Волфсбург стигна талентираниот офазнивец на Мајнц и репрезентативец на Турција, Јунус Мали.

Ова момче важеше за желба на Тотенхем Спарс, но и уште неколку европски клубови.

Сепак Волфсбург беше најбрз, бидејќи неодамна добија финансиска инјекција од продажбата на Хулијан Дракслер од Пари Сен Жермен.

Мали ќе го добие и дрес со број 10, како што е обелоденето на официјалниот сајт на клубот.

„Презадоволни сме што го убедивме Јунус Мали да ни се придружи овде во Волфсбург. Со него добивме нова опција на местото офанзивен играч за врска.

„Веќе има преку 100 натпревари во Бундеслигата позади себе, како и интернационално искуство настапувајќи за репрезентацијата на Турција, но и со Мајнц во Лига Европа. Тој е одличен тимски игрсач и вистинско засилување“, изјави спортскиот директор на Волфсбург.

Овој 24-годишен фудбалер има и германско државјанство, но се одлучи да ги брани боите на земјата од каде што потекнува.

Кариерата ја градеше прво низ Касел и Борусија Мехенгладбах, а потоа да премине во Мајнц каде што дебитираше со своите 19 години.

Брзо стана еден од главните играчи на клубот, а до сега одигра 129 натпревари, а во Бундеслигата постигна 29 голови.

За репрезентацијата на Турција настапи во девет наврати.