„Волчицата“ на лов во Лондон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На радарот на Рома е млад играч кој тешко ќе добие место кај Конте.

Станува збор за Чарли Мусонда кој се врати во Челси од  позајмица.

Младиот играч остави добар впечаток во Бетис, а наредна станица за неговиот фудбалски развој би можела да биде Рома.

Директорот на Рома, Рики Масара вчера беше во Лондон каде што го гледаше дербито помеѓу Тотенхем и Челси, но главна причина за неговиот престој беше токму тој играч.

Во случај да не успеат преговорите, Рома има и план Б, а тоа е Џерар Деулофеу од Евертон.