„Во Барселона не бев доволно почитуван!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Фиго премина од Барселона во Реал Мадрид и така стана најомразената личност во Каталонија.

Тој беше меѓу најдобрите фудбалери на Барселона, меѓутоа тој одлучи да премине во Реал за 37.2 милиони фунти.

За причините поради кои се пресели таму, порано се зборуваше многу, а беа кажани многу верзии додека Фиго тврди дека причина за неговото заминување е недоволната почит.

„Заминувањето од Барселона беше голем притисок за мене. Во еден момент помислив да не го направам тоа, но не беа во прашање само спортски и економски причини. На крајот на краиштата, како што е случај со сите професионалци, ако не се чувствувате доволно почитуван, тогаш помислувате на промена.“

Фиго во Реал Мадрид доби и многу поголема плата отколку што имаше во Барселона.